Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Одбиена жалбата на судијката Лидија Неделкова за нејзиното разрешување

Советот за одлучување по жалби на Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на судијката Лидија Неделкова за нејзиното разрешување од функцијата.

„Советот за одлучување по жалби расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција“, соопшти Врховниот суд.

На истата седница, Советот донесе одлука со која што жалбата ја одби како неоснована.

Судскиот совет едногласно ја разреши Неделкова поради ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика.

Нејзиното разрешување дојде по претставка на Јово Вангеловски, кој, исто така, беше разрешен од врховен судија, а беше и претседател на истиот суд.

Можеби ќе ве интересира

Следува сонце, па значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК