Centar.mk
КУЛТУРА

„Филхаромнија на отворено“ со камерни ансамбли

Во среда, на 30 јуни, со почеток во 20 часот, во дворот на Министерството за култура ќе се одржи камерниот концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“.

Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави.

На програмата дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони ( Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Александар Ниниќ), Скопски брас квинтет (Стефан Илиев – труба, Вилијама Баракоски – труба, Благоја Василевски -хорна, Никола Ристески – тромбон и Александар Ниниќ – тромбон), Александра Чуруковска (контрабас), Филип Петрески (хармоника), Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска (виолина) и Марија Трајковска (виолина).

Можеби ќе ве интересира

КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ – Стравуваат за своите работнички права

ДЕСК

ВАЖЕН ДЕН ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА – Колективниот договор пред Уставниот суд

ДЕСК

Поетот Ѓоко Здравески на фестивал во Индија

ДЕСК