Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Создаваме современо и квалитетно образование со инвестиции во училиштата, наставните програми и наставниот кадар

Премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска ја посетија новата спортска сала во ООУ “Јоаким Крчовски“ во Волково во чија изградба МОН инвестираше 23 милиони денари.
„Освен на воведување на квалитетни и современи наставни програми и јакнење на наставниот кадар, изминатиот период МОН забрзано работи на подобрување на условите во училиштата, преку проширување изградба, и реконструкција на училишните згради, а една од овие инвестиции е токму и оваа спортска сала. Со што обезбедуваме одлични услови на учениците за одвивање на наставата по предметот физичко и здравствено образование, но и ги поттикнува учениците за поголема заинтересираност за бавење со спорт и спортски активности. Со ова потврдуваме дека како Влада сме посветени на инвестирањето во современо и квалитетно образование“, рече Царовска.
Министерката истакна дека во Општина Ѓорче Петров, МОН дополнително инвестира над 50 милиони денари во доградба на нови училници и кабинети во ПООУ,, Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, и во ООУ ,,Тихомир Милошевски‘‘- Ново Село. Во овие две училишта ќе бидат поставени и лифтови со што се обезбедуваме пристапност за лица со попреченост.

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се наоѓате на патиштата во Македонија, внимавајте на овие критични сообраќајни правци поради одрони, излевање на реки, снег…

ДЕСК

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК