22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерката Шахпаска се обрати на Министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево: Интеграцијата на Ромите е наша обврска, заедничката работа дава резултати во образованието, вработувањето и домувањето

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се обрати на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите, што се одржа во Сараево, БиХ.

На состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за Соработка учествуваат министрите од Западен Балкан кои се одговорни за интеграцијата на Ромите, а преку видео порака се обратија и Оливер Вархеи, комесар за проширување на Европската Унија, како и Михаел Рот, германски државен министер за Европа.

„Изминатиов период, од Самитот на лидерите на Западен Балкан во Познањ во јули 2019, па се до денешниот состанок се покажа како еден од најпродуктивните периоди на регионално ниво, кога е во прашање унапредувањето и интеграцијата на Ромите. За Република Северна Македонија ова беше период кога на дневна основа се работеше на сите горливи теми кои се поврзани со интеграцијата на Ромите – образованието, вработувањето, домувањето, регулирање на матичната евиденција… Кога работиме заедно, кога имаме меѓусебна поддршка, кога споделуваме искуства резултати мора да има“, нагласи министерката Шахпаска.

На панелот на кој се дискутираше за напредокот на секоја земја и за исполнувањето на преземените обврски од претходниот министерски состанок во Албанија, министерката Шахпаска информираше дека Република Северна Македонија има постигнато голем напредок во делот на предучилишното образование во кое се бесплатно се вклучени 400 деца Роми во јавните градинки, додека за средношколците и студентите Роми се поделени 700 стипендии. Истовремено, таа нагласи, дека преку конкретни проект се работи на задоволување на потребите на Ромите за обезбедување соодветни услови за домување.

„Паралелно интензивно работиме и на креирање и имплементација на активни мерки за вработување со кои се таргетирани и Ромите, со цел и оние што се со пониско ниво на образование да ги вклучиме на пазарот на трудот. Си поставивме задача да развиеме Програма за трансформација на непријавената работа кај Ромите, со цел до крајот на 2025 година да ја намалиме непријавената работа од 39 на 25 проценти“, порача министерката Шахпаска.

Таа додаде дека со добра динамика се имплементира и Законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родените, но и дека во тек е подготовката на Законот за домување кој ќе содржи посебна глава за социјално домување на која работи Министерството за труд и социјална политика.

„Преку ИПА 2 програмата започна проектот за измена на генералните и деталните урбанистички планови во пет општини со доминантно ромско население, по што 170 индивидуални куќи и живеалишта на ромски семејства ќе бидат реновирани или реконструирани. Интеграцијата на Ромите мора да биде сеопфатна што значи дека со процесот на зелена агенда и на дигитализација, на кој како држава интензивно мора да бидат опфатени и овие граѓани. Затоа веќе работиме на конкретни проекти за зголемување на пристапот кон дигиталните средства и дигиталната писменост“, додаде Шахпаска.

На министерскиот состанок учествуваа министрите надлежни за социјални прашања од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, како и директорот на Канцеларијата за Иницијативи за Ромите на Фондацијата Отворено општество.

На крајот на Вториот министерски состанок беа усвоени заклучоци за натамошниот процес на интеграција на Ромите, кои се очекува да бидат поддржани на Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи на 5 јули, во Берлин, Германија.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

M T

Втор состанок на групата за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација

M T

Вицепремиерката Грковска ќе учествува на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“, што се одржува во Виена

M T