Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Излета пежо во струмичко, младо момче со тешки повреди донесено во болница

На 26.06.2021 во 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на делницата помеѓу крстосницата за с.Зубово и Ново Село, И.С.(22) од с.Ново Село, управувајќи патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот И.Н.(19) од Ново Село се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +