Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Ќе расте гласот против блокадата за Северна Македонија во ЕУ

Гласот против блокадата ќе расте, а со добри решенија ќе ги демантираме и најголемите скептици, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, коментирајќи го бугарското вето за почетокот на преговорите.

Министерката нагласи дека последниве месеци критиките се посилни во другите европски градови отколку што е разочарувањето и критиките што доаѓаат од кај нас. Додаде дека во билатералните спорови важно е што ќе направат и двете страни.

„Попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех. Станавме членка на НАТО, работиме на реформите, но и натаму ќе носиме паметни одлуки и вистински политики. Не само за да ѝ покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку дека нашите граѓани се Европејци и дека очекуваат од нас европски стандарди“, рече Шекеринска.

Бугарскиот претседател Румен Радев, вчера во Брисел, призна дека Бугарија била под притисок, но го издржала и успеале да издејствуваат прашањето за започнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од агендата на Самитот.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК