Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија како под сач: Делови од земјава под црвено ниво на опасност деновиве, но следува мало освежување

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Согласно очекуваните вредности насекаде е активирано портокалово, а во јужно-вардарскиот регион и црвено ниво за опасност од високи температури.

И утре ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури, кои на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надминат 40-тиот степен. Во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст.

Прогноза за 27.06.2021
Минимална температура: 10°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8

Прогноза за 28.06.2021
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=8

Прогноза за 29.06.2021
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +