Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ горивата беа со рекордно високи цени

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста во врска со воведувањето на еколошка такса за горивата со намера да создаде страв кај граѓаните и да ја поттикне нивната недоверба во институциите, реагираат преку соопштение од владејачката СДСМ, на одржаната прес конференција од страна на Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека партијата во чие време како што велат, граѓаните плаќаа гориво по рекордно високи цени, а државата се гушеше во загаденост, денес нема право да зборува ниту за цената на бензините, ниту за екологијата.

Сега, посочуваат од СДСМ и со дополнителната еколошка такса од 3,5 денари нафтата ќе биде најевтина во регионот.

Според СДСМ, со новата мерка нема да се зголеми инфлацијата, туку ќе се зголемат буџетските приходи и еколошкиот фонд со што ќе се промовира користењето на обновливите извори на енергија.

„Целта на воведувањето на еколошката такса е доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина. Борбата против загадувањето предизвикува финансиски импликации, а еколошките такси ќе бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места. Нема паралелна реалност. Реалноста е само една, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на граѓаните и не може да се ослободи од режимската, деструктивна матрица“, стои во соопштението од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК

Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

ДЕСК