Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Недозволиво е Скопје и Тирана да бидат заложници на примитивните политики од 19-от век

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сподели својата визија за иднината на сесијата „Паметни градови, урбана мобилност и дигитални решенија во Северна Македонија“ на „Скопскиот економски форум“.

На форумот Шилегов одговори и на конкретно прашање колку ветото на Бугарија ќе се одрази и на Македонија и на Албанија, односно, на понатамошниот развој на градовите во овие земји:

„За жал, сме како градоначалници заложници на политики кои што се креирале или кои што се креирани во 19-от век, а чии што последици ги осеќаме сега, во 21-от век. И мислам дека недозволиво е целиот регион на Западен Балкан, пред се Северна Македонија и Албанија, да бидат заложници на примитивизмот во политиката.“ Шилегов укажа дека иако Скопје и Тирана сериозно се понапреднати од многу европски центри во имплементација на урбаните политики, сега се „заложници на примитивните политики од 19-от век“.

„Јас ќе бев многу посреќен како градоначалник на градот Скопје, доколку во Софија беше донесена одлука да биде изграден автопат од Софија до Скопје, отколку да биде донесена одлука да и Македонија и Албанија бидат блокирани во процесот на евроинтеграции. Ама ние ќе донесеме одлука да изградиме автопат меѓу Скопје и Тирана“ – истакна градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на „Скопскиот економски форум“.

Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели по 3.000 денари месечно на ранливи категории граѓани?

ДЕСК

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК