23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски на Сител: Активностите на СДСМ продолжуваат, преку истражувања и анализи ќе излеземе со најдобрата понуда за секоја општина

Генералниот секретар Љупчо Николовски во гостување во дневникот на Телевизија Сител порача дека СДСМ и на овие локални избори ќе излезе со најдобрата кадровска и програмска понуда и затоа СДСМ на сите релевантни анкети е фаворит на претстојните избори.

„Имаме објавено јавен повик за кандидати за градоначалници, ги бираме најдобрите и тој повик кој трае до 30 јуни значи дека не мора да се биде член на СДСМ за да се биде кандидат на СДСМ и коалицијата. Паралелно, месните одбори, општинските органзиации ги спроведуваат постапките за кандидати за советници и градоначалници. И анкетата на ИРИ и нашите интерни анкети покажуваат дека СДСМ е фаворит на овие локални избори. Имаме висока реализација на проекти во општините, имаме преткампањска активност каде најавивме 1.000 средби со граѓаните, секој ден нашите функционери се на терен, даваат извештај за она што сме го сработеле но и прибираат идеи и концепти од граѓаните. Овој викенд раководството ќе биде во Струга, каде што ќе ја доработиме стратегијата за настап на локалните избори и каде најверојатно ќе ги имаме и првите кандидати за градоначалници“ посочи генералниот секретар Николовски.

Николовски додаде дека СДСМ летово нема да запре со активности и дека преку анализи, преку истражување на јавното мислење ќе дојде до најдобрата понуда за секоја општина.