Регионалниот совет на Јонските Острови даде позитивно мислење за планираната истражувачка бушотина „Асопос 1“, со што проектот преминува во следната фаза. Одобрението содржи 17 услови поврзани со заштитата на животната средина и безбедноста.
Дупчењето е планирано за април 2027 година, но претходно мора да биде издадена и дозвола од грчкото Министерство за животна средина и енергетика. ExxonMobil има 60 проценти удел во конзорциумот.


