Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ / митинг 8.10.2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ние победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме

,,Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија се обединиме, како што ова можам вечерва пред мене да го видам, ова обединување, оваа недвосмислена поддршка, тогаш нема невозможна работа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава.

Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја има неговата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на предвремените локални избори.

,,Тоа што некои мислат дека е невозможно е возможно и победуваме на 18-ти октомври. Јасен е профилот и јасна е конкуренцијата на овие предвремени локални избори и јасен е победникот на овие предвремени локални избори. Стојанчо ја има мојата и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие избори“, кажа Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК