6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Љубица Јанчева: Почна проширувањето на булеварот Борис Трајковски, го правиме најдоброто за Скопје

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром

Почитувани,

СДСМ на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура.

Почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево.

Овој потег со вкупна должина од 2.325 метри ќе се прошири од две на четири коловозни ленти, стариот асфалт целосно ќе биде заменет со нов.

Од двете страни на булеварот ќе има пешачки патеки и велосипедска патека на едната страна.

Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри.

Булеварот Борис Трајковски е една од главните артерии во нашиот град. Со проширување и реконструкција на оваа делница ќе им се олесни и осовремени животот на педесетина ијади граѓани, кои гравитираат кон овој булевар.

Со ова Град Скопје ја започна летната градежна сезона, во чии рамки во неколку скопски општини ќе се градат или реконструираат 11 градски сообраќајници.

Во изминатиот период Град Скопје брзо и ефикасно ги реконструираше најфрекфентните сообраќајници низ градот.

СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов го прават најдоборото за Скопје.

Со посветена работа Скопје станува успешна приказна, станува уредена европска метропола.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

M T

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

M T

АД ЕСМ-ЕБРД: Инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во енегретска криза

M T

Јанчева: Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема ниту еден свој

M T