Centar.mk
КУЛТУРА

„Последната лента на Крап“ на 26 јуни ќе учествува на 22. Интернационаленфестивал на монодрама во Битола

Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, на 26 јуни 2021 год. ќе земе учество на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола.

Монодрамата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во копродукција со Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Ова е претстава за изолацијата и стареењето, за кревкоста на сеќавањето, за нашиот комплексен однос со технологијата, за свет во кој времето неповратно минува и бројните ограничувања со кои нѐ соочува животот. Претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти.

Отворањето на фестивалот е на 22 јуни во Народниот театар во Битола, фестивалската програма ќе трае од 22 до 27 јуни и ќе учествуваат десет монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, а изведбата на „Последната лента на Крап“ ќе се одржи во Центарот за култура, Битола на 26 јуни со почеток во 22:00.

Можеби ќе ве интересира

Десет години, речиси 7.000 подарени книги: „Матица македонска“ за секој ученик во Демир Хисар

ДЕСК

„Без повод за поводи“ од Иван Антоновски во КИЦ: Нови читања на македонската книжевност

ДЕСК

„Германско-македонски училиштен речник“ – нов водич низ светот на германскиот јазик во издание на „Арс Ламина“

ДЕСК