8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска на GLOBSEC: Блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ креира вакуум што ја отвора вратата за старите сценарија кои ништо добро не му донеле на Балканот и на Европа

„Кога станавме членка на НАТО и ова беше војна која оние кои се обидуваа да нè спречат, ја изгубија, тие не губеа време, тие веднаш се свртеа кон другата цел – ЕУ, поткопувајќи го членството кон ЕУ и испраќајќи силна порака низ Балканот дека на западот не смее да му се верува. Видовме ехо во Белград, Приштина, Сараево па дури и Подгорица – дека во Северна Македонија, направија големи реформи, дојдоа до решение со Грција по 3 децении, влегоа во НАТО, но видете со ЕУ – тие не ги исполнија своите ветувања. Па, зошто би биле Белград и Приштина толку фокусирани на доаѓање до договор кога нема доверливост. Дозволувањето на вакуум е отворање на вратите за нов начин на војување кој е полесен на традиционалниот, на кој потрошивме многу пари и многу години за подготовка”.

Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска која говореше на панел дискусија на Форумот GLOBSEC, заедно со министрите за одбрана на Словачка, Јарослав Над и на Канада, Харџит Саџан.

Зборувајќи за НАТО Агендата 2030 во чија суштина се единството, колективната одбрана, безбедноста и отпорноста на општествата пред новите безбедносни предизвици, министерката рече дека членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки.

„Треба да се предизвикуваме како политичари да бидеме храбри, да ја предизвикуваме статус кво ситуацијата. Пред три години го потпишавме Преспанскиот договор и никој не очекуваше да успее. Успеа. Денеска сме членка на НАТО. Двете Влади покажаа политичка волја да решат спор кој предолго траеше“, рече Шекеринска.

Таа подвлече дека НАТО го одржа својот збор кога станува збор за приклучувањето.

„Задоволна сум што го одржавме зборот за политиката на отворени врати и на овој Самит, тоа е многу важно, но верувам дека на фронтот на ЕУ, како што рече претседателот на Комисијата, треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен. Мислам дека е време да се оди напред” рече министерката на GLOBSEC форумот во Братислава.

Спонзорирано: