8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Градиме нов цевковод во должина од 4 км, го подобруваме водоснабдувањето на Прилеп

Соопштение на СДСМ, Прилеп:

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, продолжува да ги решава долгогодишните проблеми на Прилеп и прилепчани.Во соработка со Владата, обезбедени се 40.540.000 денари за реализација на проектот „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во мeстото викано ‘Пашоски ливади’ до собирна шахта во КО Прилеп“. Со овој проект, во наредните 4 до 6 месеци ќе биде изграден нов цевковод во должина од 4 км, од постојните извори во месноста „Пашоски ливади“ до собирната шахта на разводната водоводна мрежа за градот. Со изградбата на новиот цевковод, на месечно ниво обезбедуваме нови 39.000метри кубни вода за потребите на граѓаните на општина Прилеп, со што значително се подобрува водоснабдувањето во градот. Посветено работиме на зацртаната цел, секој граѓанин, во секој ден од годината, редовно да добива чиста и квалитетна вода за пиење и за сите останати потреби. Почитувани граѓани, Многуте реализирани проекти во изминатите триипол години, се доказ дека СДСМ е најдоброто за нашата општина. Заедно со граѓаните, одлучно и решително работиме на нови мерки за развој, напредок и подобар квалитет на живот за сите. СДСМ е најдоброто за нашата општина, затоа што го слуша гласот на граѓаните, си стои на дадениот збор и го исполнува ветеното.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК