Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: И по три години од Преспанскиот договор далеку сме од преговори со ЕУ

Партијата Алијанса за Албанците денеска изрази жалење што дури и по три години, како што велат, главната цел на Договорот од Преспа сè уште не е постигнат.

„Нашата земја е сè уште далеку од отворање разговори со ЕУ, иако за три години, Владата ги излажа граѓаните најмалку три пати. Духот на Преспанскиот Договор, исто така, требаше да рефлектира и во односите со сите соседни земји, подобрувањето на комуникацијата, решавањето на споровите, унапредувањето на билатералните и регионалните односи, спроведувањето на заедничките развојни проекти и интеграцијата на регионот во Европската Унија“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата на Зијадин Села сметаат дека власта не покажала оти интересот на земјата и граѓаните го става над партискиот.

„Стагнација на реформи, криминал и корупција, партизација на правдата, етничка и политичка дискриминација, се само дел од дамките што го загрозуваат самиот Договор од Преспа и иднината на земјата, како што се очекуваше пред три години“, велат од Алијанса за Албанците.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +