11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сајкоски: На нашата држава и е потребно многу работа, успех и напредок

Измина 31 година од формирањето на ВМРО ДПМНЕ, 31 година од продолжувањето на идејата на нашето старо и темелно ВМРО и 30 години од живеењето на сонот кој го имаше секој Македонец. Сонот за слободна, суверена и независна Македонија порача Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Формирањето на ВМРО-ДПМНЕ беше дело на визионери, патриоти, интелектуалци, лидери на тогашните македонски организации во Светот, кој живеејќи во демократски општества ги користеа искуствата од Европа за да можат да помогнат во формирањето на новата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Основна цел на партијата беше слободна и независна Македонија. Оваа бескомпромисна борба беше со огромна поддршка од народот.

Визионерите и идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ од самите почетоци преку конгресни документи ги исцртаа аспирациите на нашата партија за влез на нашата држава во ЕУ и НАТО со стратешко партнерство на САД.

Кога зборуваме за нашата партија ние зборуваме за историја, зборуваме за традиција ние кажуваме за вечна борба, за борба за поубава и економски попросперитетна Македонија, бидејќи ние имаме континуитет, ние имаме и почит кон секој наш член активиста и човек кој застанал до нас и го дал својот придонес како да се борел за своето семејство.

Денес откако поминаа 31 година сакаме да ја изразиме нашата благодарност до сите наши членови кои во минатото придонесовте за голем број победи на ВМРО но благодарност и за тие кои се борите рамо до рамо со нас во овие тешки моменти за нашата партија и нашата држава.

Затоа ние имаме почит кон секој наш член и активист. Но од денес и во иднина ни е потребна акција, силен ангажман од секој наш активист, бидејќи тоа е клучот на успехот, но и факт дека преку акциите кажуваме дека се случува нешто, ако нема акција и работа, нема успех. А на нашата партија и држава и е потребно многу работа, успех и напредок.

Нашата борба продолжува. Нашиот активизам ќе е уште поголем. Нашата цел е Македонија. Нека ни е вековита нашата партија“ истакна Сајкоски.

Спонзорирано: