Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга. Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите.

„Двајца браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги“, соопшти струшкото обвинителство.

Поради можноста да го повторат делото или да избегаат, судот им определи притвор на напаѓачите во траење од осум дена.​​

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК