Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

192 сообраќајни прекршоци во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.6.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкциja, 9 за возење без возачка дозвола, 12 за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 13 прекршоци што го прават возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК