Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат дека Камчев може да се крие, но и да се даде во бегство, поради тоа, сметале дека треба да му се определи оваа мерка за обезбедување присуство.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП“, информираа од Кривичен суд.

Бизнисменот Орце Камчев, по одредувањето на првиот притвор и спроведувањето во затворот „Скопје“, негираше дека сакал да бега.

Притворот на Камчев му е одреден за предметот „Плацеви на Водно”.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК