11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Поголем број кандидатки на локалните избори

Ние сме тие кои го пренесуваме гласот на позитивните промени, храброста секаде пренесува храброст , токму затоа како жена, силно го поддржувам родовиот идентитети, порачувам да имаме повеќе кандидатки за градоначалнички и советнички, порача заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за нашата општина“.
-Социјалдемократскиот сојуз силно ги поддржува жените, ние имаме одлична кадровска и програмска понуда, промени и високи приоритети и потврдивме дека сме први и едниствени во промените. Тргнавме заедно за да слушнеме што е најдоброто за сите општини и градот Скопје, ги слушаме граѓаните и реализираме, дополни Лукаревска.

Таа рече дека изминатите години СДСМ покажа дека знае да владее отчетно, транспарентно, чесно и да ги стави граѓаните на прво место, особено во време на пандемија.

-Интервентниот инвестициски план вреди повеќе од 8 милијарди евра, на тој начин заштитивме над  100. 000 работни места, а ги заштитивме и платите кај 200.000 работници, ова е стратегија која не води напред. Повеќе од 4.500 проекти се завршени, 2.300 во фаза на реализација, а сето тоа е дело од победничките програми на нашите градоначалници. Скопје е бренд , наше детство, наша сегашност, иднина, наша младост, спомени, а СДСМ секогаш го нуди најдоброто за Скопје, рече Лукаревска.

Спонзорирано: