36.8 C
Скопје
23. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис Во тренд...

Ковачевски: Нема да има втор ребаланс, ниту нова еврообврзница до крајот на годината

„По овој ребаланс до крајот на годината нема да има уште еден ребаланс и уште една еврообврзница. Сите приходи во првото пологодие од оваа година се остварени над проекциите“ кажа заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски во емисиајта „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека проекциите се направени врз основа на предвидениот раст на БДП од 4,1 проценти во годината, а тоа се базира врз зголемувањето на бруто инвестициите, јавната и приватната потрошувачка, како и зголемувањето на увозот и извесот.

„Сето тоа ни дава право да предложиме ребаланс врз згоелмувањето на приходите. Расходната страна на буџетот е зголемена, но сите непродуктивни трошоци се замрзнати на ниво од првичниот буџет или намалени, а имаме зголемување на капителните инвестиции“ кажа Ковачевски.

Заменик-министерот додаде дека сите мерки кои ги презела Владата за време на кризата предизвикана од пандемијата, биле со цел за одржување на агрегатната побарувачка, што на крајот дало резултат.

„Просечната плата расте, Владата ја зголеми и социјалната помош, минималната плата, а намелен е и бројот на невработени“ кажа Ковачевски.