Уставниот суд денеска донесе одлука за укинување на Колективниот договор за култура и членот 78-љ од Законот за култура. Правното дејство на одлуката е одложено до 1 април 2027 година, со што се остава период за подготовка на ново законско и колективно решение.
Според образложението на Судот, потребно е со закон попрецизно да се дефинира начинот на утврдување на платите на вработените во културните установи. Во меѓувреме, Министерството за култура, синдикатите и останатите социјални партнери треба да работат на нов договор.
Одлуката предизвика незадоволство кај синдикалните претставници. Засега не може да се утврди дали и за колку би се промениле платите, бидејќи тоа ќе зависи од идните законски решенија и колективното преговарање.


