Патувањето со воз добива на популарност, особено кај помладите генерации кои сè повеќе уживаат во побавно темпо на движење и откривање нови дестинации. Според најновото истражување, интересот за патување со воз кај младите на возраст од 18 до 24 години бележи значаен пораст. Ако во 2023 година 5 проценти од таа категорија одбрале вакво туристичко доживување, веќе во 2025 година нивниот удел се зголемил на 12 отсто. Исто толкав процент планираат да патуваат со воз и оваа година.
Туркије нуди одлични можности за ваков вид патување, со железнички рути кои ги поврзуваат живописните предели, историските градови и богатото културно и гастрономско наследство. Со комбинацијата од удобност, автентични локални доживувања и пејзажи кои се менуваат од станица до станица, железничките патувања во Туркије се одлична можност за поинакво истражување на земјата.
Една од најпознатите атракции е Туристичкиот источен експрес, воз кој тргнува од Анкара и преку Кириќкале, Кајсери, Сивас, Ерзинџан и Ерзурум пристигнува во Карс, минувајќи низ импресивни планински предели кои во зима се претвораат во вистинска снежна бајка. За оваа сезона возовите на релација Анкара–Карс ќе сообраќаат од 21 декември 2026 до 10 март 2027 година, додека повратните линии од Карс кон Анкара ќе бидат достапни од 23 декември до 12 март идната година. По патот, туристите имаат можност за паузи од по 2,5 часа во Ерзинџан и 3,5 часа во Ерзурум, познат по традиционалниот специјалитет чаѓ ќебап. Во Карс, пак, ги очекуваат античкиот град Ани, замрзнатото езеро Чилдир и скијачкиот центар Сарикамиш. Повратното патување, пак, носи нови доживувања, со запирања кај импресивниот Темен кањон и камените куќи во Кемалије, како и во Дивриги, каде што се наоѓаат Големата џамија и болницата заштитени од УНЕСКО.
Караелмас експрес, пак, нуди поинаква можност за откривање на Туркије, со патување од Анкара до Зонгулдак, низ живописните места Калеџик, Чанкири, Черќеш и Јениџе. Туристичката железничка линија, воведена во 2025 година, и оваа есен беше дел од туристичката понуда на земјата. Во сезоната 2026, возовите од Анкара кон Зонгулдак сообраќаа секој петок, од 2 октомври до 13 ноември, додека враќањата беа организирани секоја сабота, од 3 октомври до 14 ноември, со посебна туристичка пауза во Јениџе. Овој град, сместен во близина на Истанбул, ги привлекува посетителите со своите зелени предели и богатото рударско наследство, додека Чанкири и Калеџик нудат можност за запознавање со локалната историја.
За пократок, еднодневен излет, Туркије нуди и посебна туристичка железничка линија од Анкара до Чанкири, град познат како престолнина на солта, поради што возот го носи името Туристички солен експрес. Возот, кој почна да сообраќа во 2024 година, има четири вагони и нуди повратни патувања секоја сабота, кои се организираат сѐ до 28 ноември годинава, значи заклучно со утрешниот ден. Главната атракција на посетата е импресивната Подземна пештера на солта, а програмата вклучува и посети на Музејот на историската пералница, Домот на регионалната кујна и култура и Музејот на Чанкири. Музиката во живо и маскотата на возот, во форма на праисториски сабјозаб тигар, го прават излетот интересен за посетители од сите возрасти.
фото испратено од Имагепр


