23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи: Со парите, за кои Мицкоски лаже дека сме ги украле, помогнавме на граѓаните и компаниите да ја пребродат кризата

„Со економските мерки од 1,1 милијарда, колку што драгиот лидер на опоизцијата кажува дека сме украле, помогнавме на 250 илјади наши граѓани преку плати, 600 илјади наши сограѓани со ваучери и друга помош за да се зголеми приватната потрошувачка и помогнавме на 30 илјади компании на кои што им требаше помош. Со овие мерки го спасивме падот на БДП да не биде 8,7, туку да биде 4,2 проценти, што го потврди и Светска банка“ кажа вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи во гостувањето на емисијата „Вин-вин“ на Телма ТВ.

Тој додаде дека и ММФ и Светска банка потврдиле дека падот на македонскиот БДП бил намален благодарение на таргетираната помош на владата.

Битиќи одговори и на обвинувањата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за зголемувањето на јавниот долг и спореди со перидот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Како што кажа вицепремиерот јавниот долг во периодот од 2007 до 2016 се зголемил за 300% додека БДП на земјата пораснал за само 50%. Во 2019, јавниот долг пораснал за 17%, додека БДП пораснал за преку 16%, односно колку што било задолжувањето, толку бил и растот.

„Ние како општество влегуваме во нова ера во која што борбата помеѓу лажните информации и точните информации е голема. Понекогаш преовладуваат лажните информации“ рече Битиќи.