36.8 C
Скопје
23. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Битиќи: Зар треба компромис за инвестициите за обезбедување чиста вода за пиење?

„Срамота е за една држава аспирант да биде членка на ЕУ и веќе членка на НАТО во 2021 година да зборува за тоа дали имаме вода за пиење и соодветна комунална структура и да треба да се прават компромиси за тоа. Не зборуваме за спејс шатл, зборуваме за тоа дали има вода за пиење или нема вода. За тоа треба компромис? Нашите граѓани немаат веќе време за чекање“ рече вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „Вин-вин“ на Телма ТВ осврнувајќи за можноста на опозицијата да го блокира Интервентниот план за инвестиции на Владата.

Како што кажа вицепремиерот тие ја консултираат и разговараат за опозицијата за сите економски мерки во различни форми на дебати.

„Сите инвестиции ќе бидат доволно добро образложени, со доволно аргументи и ако треба ќе ги направиме првиот ден после избори, за да покажеме дека не ги користиме за поткуп, туку дека се реална потреба“ кажа Битиќи.

Тој додаде дека причината поради која што одредени места во земјава и ден денес се без чиста вода се пиење е тоа што 30 години некој неразумно се однесува и блокира инвестиции со објаснување дека тоа е поткуп на гласачи.

„Видовме што е битно во една здравствена криза – подобро здравство. Јас бев еден од тие што поминаа низ здравствената криза. Иако 15 години плаќам приватно осигурување, не отидов во приватна болница. Отидов во јавното здравство, затоа што треба да покажеме дека во тие услови во кои што нашите сограѓани работат и јас ќе се лечам, па со нивна помош да излезам. За тоа нема комрпмис, дали требало подобри услови во здравството или не требало“ кажа Битиќи.