Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер – Метеоцентар со детали за времето во следните 4 дена

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Прогноза за 11.06.2021
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 20°C до 29°C
Променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни
процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. УВ=6

Прогноза за 12.06.2021
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Прогноза за 13.06.2021
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 32°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Спонзорирано: