Големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека… Ваква слика затекнаа нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ во реките Черава, Грашница, Далјан и Сатеска.
Во рамки на проектот „Подводна еко патрола” тие ги истражија реките кои се влеваат во Охридското Езеро.
„Состојбата со вливот на реките во езерото е алармантна. Овој проблем е одамна познат во пошироката јавност. Има присуство на големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека“, велат нуркачите.
Состојбата ја евидентираа со подводно фотографирање и снимање, а изработија и карта со загадени зони (црни точки).
Бидејќи цврстиот отпад доаѓа во најразлични форми и габарит, потребно е сеопфатно решение на овој фундаментален проблем.
Од нуркачкиот центар нагласуваат дека постојат неколку практични решенија кои можат да се применат на вливовите.
Предлози на меѓународниот нуркачки инструктор Јован Секулоски за наједноставно справување со овој проблем се:
Мрежна структура за зафаќање на отпадот која ќе се протега на ширината на вливовите, а потоа ќе се управува од копно или пловен објект.