Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трагедија го потресе Свети Николе: Во тешка несреќа утрово загина 20 годишна девојка

Страотна сообраќајка во светиниколско.

Според информациите на полицијата загина 20 годишна девојка откако со автомобил марка поло излетала од патот на патниот правец Миладиновци Штип, на местото викано “Ерџелиски Мост” утрово околу 7 часот.

Таа со возило марка „фолксваген поло“ изгубила контрола и излетала од патот. Според извештаите на полицијата девојката со иницијали С.М. имала само 20 години и живеела во Кадрифаково, светиниколско.

Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +