7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На протестите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе возила отколку револтирани граѓани

Без голема поддршка и јасни пораки изминаа протестите на ВМРО-ДПМНЕ, организирани под слоганот „Доста е. Излези за Македонија“. На блокираните главни крстосници во десетте градови во земјава излегоа само мал број членови и симпатизери на најголемата опозициска партија, а на неколку локации јавноста беше сведок на повеќе автомобили и медиумски екипи отколку револтирани граѓани.

Слабата заинтересираност беше воочлива и во Скопје, но и во поголемите градови од внатрешноста, како Битола и Струмица, иако од партијата повикаа на масовност.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на Фејсбук сподели дека излегол на улиците за да го крене гласот за разговорите со Софија и да добие одговор од власта на прашањето „каков е тој патоказ, договор или што и да е“. Но, повикот на Мицкоски од социјалните мрежи наиде на неуспех во реализацијата и улиците останаа далеку попразни од очекувањата на партијата за масовна сплотеност околу идејата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно истакна дека дава поддршка и за протестите кои ги организираа дел од родителите што се против најавениот процес на дигитализација, но самите организатори, особено по слабата посетеност, веќе подолг период не најавуваат дека повторно ќе излезат на улица.