18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зекири: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дигитализација во образованието, а сега се противи

“Опозицијата по прашањето на дигитализацијата е контрадикторна и не знае во суштина зошто протестира”- смета поранешниот потпретседател на СДСМ и генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, во разговор за „Локално“, откако ВМРО-ДПМНЕ зрази поддршка за протестите во организација на дел од родителите што најавија протести против најавената дигитализација во обраованието.

– И самите тие во нивната предизборна програма предвидуваа дигитилизација на учебници, а сега се спротивставуваат. На тие што се против, очигледно им е потребно малку повеќе време да ги сфатат придобивките од оваа реформа, истакна Зекири.

Понатаму, Зекири на прашањето за ковид-кризата и како здравствените власти си ја завршиле работата и покрај големиот број на жртви на 100 илјади луѓе, посочи дека здравствените работници се најголемите херои во битката со пандемијата.
– Здравствените власти дадоа и се уште даваат се од себе во борбата против ова зло. Нашата земја не заборавајте беше посочена за една од ретките земји која од почетокот на пандемијата најтранспаретни ги објавуваше бројките на заболени и починати пациенти, тврди Зекири.