Centar.mk
ИЗБОР

Мицкоски продолжува со антиалбанските политики на Груевски

Од снимките кои протекоа на YouTube, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ панично се плаши дека ќе ги загуби локалните избори во октомври и дека ќе доживее потоп на следните парламентарни избори.

Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека поразот на локалните избори во Скопје им „тропка на врата“ – им „грепка“ – како што се слуша од снимката. Стравот дека по поразот на локалните избори ќе доживеат потоп на парламентарните, зашто нивното гласачко тело „комплетно ќе се демотивира“, ги поттикнува ВМРО-ДПМНЕ да влечат очајнички потези. Таков очајнички потег беше ширењето на лажната вест дека ДУИ ќе инсистирала на заеднички кандидат Албанец во Скопје на локалните избори.

Десетици ДПМНЕ-овски „партали“ кои лицитираа со кандидати Албанци за градоначалници на Скопје беа демантирани за 24 часа. Но, сепак, останува прашањето: Зошто толку упорно ширеа шпекулации и лажни вести, иако знаеја дека Али Ахмети нема да го соопшти тоа за што упорно навиваа? Зошто ВМРО-ДПМНЕ навива за кандидат Албанец за градоначалник на Скопје?
Одговорот е многу едноставен. ВМРО-ДПМНЕ оправдано се плаши дека ќе изгуби во прв круг како во 2017, затоа што партиските анкети покажуваат најголема доверба во Шилегов, особено кај младите, кај жените и во општините каде што има најмногу албански гласачи. Со лажната вест за кандидат Албанец, ДПМНЕ се обиде да ја разниша поддршката што ја има најочигледниот кандидат на коалицијата на СДСМ и ДУИ, актуелниот градоначалник на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ навива за кандидат Албанец за градоначалник на Скопје, затоа што анкетите покажуваат дека Шилегов победува во прв круг ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да го расцепи албанското гласачко тело. Очајничките потези на ДПМНЕ, со црна кампања да ја подрива довербата на гласачите во Шилегов, досега не даваат никакви резултати. Колку повеќе ДПМНЕ се обидува да го оцрнува Шилегов, толку повеќе расне неговата доверба.

Тоа што ДПМНЕ е на раб на пропаст, доколку не извојува победа на претстојните локални избори во Скопје, е резултат на катастрофалните политики што ги водеше ДПМНЕ во последниве три децении во Скопје. ДПМНЕ нема никаква политичка понуда за Скопјани, не може да пронајде достоен противкандидат за Шилегов, па затоа прибегнува кон оцрнувачки стратегии, лажни вести и кон старите прикаски за „федерализација“, „кантонизација“ и изградба на бегалски кампови – кон истата очајничка пропаганда на Груевски пред неговото криминално бегство во Будимпешта.

Очигледно, Христијан Мицкоски воопшто не е одлепен од ретроградните груевистички антиалбански ставови и политики кои го доведоа ДПМНЕ до тоа дереџе да нема никаков коалиционен капацитет, ниту пак влијание кај албанското гласачко тело.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 4-ти октомври 2025

ДЕСК

Унапредување на капацитетот на институциите, заедничка симулациска вежба на МВР и ТАВ Македонија

ДЕСК

Професорите Зоран Матевски, Трајче Серафимовски и Даниела Николова: Концепцијата за гимназиско образование мора да се повлече

ДЕСК