Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Растурена забава во Скопје: Приведени 14 лица меѓу кои 10 малолетници

По претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар околу 3.49 часот утрово извршиле контрола во домот во кој престојува В.М.(24) од Скопје.

При контролата, освен В.М., биле затекнати уште 13 лица, три полнолетни и десет малолетници на возраст од 16 и 17 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК