17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Успехот во остварувањето на здрава животна средина како наше секојдневие е можен само со координирани, заеднички акции на граѓаните, деловната заедница и општините и државните институции

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни. Резултат е и на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа Влада да продолжи со еколошките проекти како што се:

➡️ Замената на загадувачките печки на дрва и на фосилни горива со еколошки чисти инвертери;
➡️ Велосипедски патеки и пешачки зони долж улиците и булеварите проследени со зелени појаси;
➡️ Фотоволтаични системи и повеќе зелени површини во 36 општини и 108 јавни објекти;
➡️ Транзицијата од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија;
➡️ Фотонапонски електрани се во изградба и се редат ветерни паркови и гасни електро-централи.

Оваа година се придружив на активностите што по повод #WorldEnvironmentDay ги организира Град Скопје кој продолжува да го реализира „Акцискиот план – Скопје зелен град“. Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на PM честички.

Успехот во остварувањето на здрава животна средина како наше секојдневие е можен само со координирани, заеднички акции на граѓаните, деловната заедница и општините и државните институции.

Спонзорирано: