Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Во време на пандемија зголемен е извозот на македонски производи во Русија

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, како копретседател на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, во рамки на официјалната посета на Економскиот форум во Санкт Петербург, Русија, одржа работна средба со заменик-министерот за земјоделство на Русија, Сергеј Левин.

На средбата Николовски и Левин ја потврдија досегашната успешна трговска размена.

Oбемот на трговијата меѓу Македонија и Русија во 2020 година изнесувал 190,3 милиони американски долари, што е повеќе за 6,2% во споредба со 2019 година.

Во исто време, македонскиот извоз во 2020 година достигнал 60,4 милиони американски долари, што е пораст за 15,8 %.

Во првите три месеци од 2021 година извозот на македонските производи изнесува 17,4 милиони американски долари, што е пораст од 66,7%, а увозот изнесува 33,5 милиони американски долари што е намалување од 37.1% во споредба со истиот период од минатата година.

„Она што е значајно е зголемувањето на извозот на македонските земјоделски производи во 2020 година во споредба со 2019 година. Имаме раст од 11% на извозот на земјоделските производи и вкупен раст на извозот на македонски производи од 15,8% и тоа е во време светска пандемија. Тоа е доказ дека треба да ги интензивираме нашите економски соработки и да го искористиме целокупниот простор којшто ни стои на располагање. Договоривме бизнис-мисија на клучните руски компании во делот на земјоделството, коишто ќе дојдат во Северна Македонија годинава и ќе ги вмрежиме со македонските компании, со цел зголемување на трговската размена“, изјави Николовски.

Вицепремиерот ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, кој е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Утрово, најстудено во Крушево, измерени -8 степени

C +

АПСЕЊА НА ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ ПРЕБРЗО: Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп

ДЕСК

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

ДЕСК