14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Узунов: Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и тоа не е грев

Инвестицискиот план, вреден осум милијарди евра, што неодамна го најави премиерот Зоран Заев го покрена прашањето за опсегот на јавно-приватните партнерства. Додека дел од економистите изразија сомнеж дека влијанието на бизнисот ќе се засили во однос на јавниот интерес, универзитетскиот професор Ванчо Узунов смета дека за спроведувањето на најавените проекти на државата ќе и е неопходна силна и квалитетна институција, што ќе го штити нејзиниот интерес во ваквиот вид партнерства.

-Владата има волја да создаде таква институционална подлога за квалитетно спроведување на јавно-приватните партнерства, оцени Узунов во интервју за „Фокус“.

Според него инвестицискиот план е амбициозен, но тоа не би требало да се смета за „грев“, туку најпрвин да се почека реализацијата.

-Се надевам дека тој план на Владата во блиска иднина ќе биде надополнет и со планирани инвестиции за подигнување на квалитетот образованието и здравството, односно инвестивии во човечкиот капитал, додава професорот Узунов.
Презентирајќи го планот, премиерот Заев откри дека тој содржи јавни и приватни инвестиции кои се во согласност со сегашните и идните стратегии за економски раст на земјата. Од средствата, 5 милијарди и 791 милиони евра се најавени како јавни инвестиции, додека 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани како приватни инвестиции. Во однос на распределбата на инвестициите по сектори, планирани се 3,144 милијарди ЕУР во секторот енергетика, 2,729 милијарди ЕУР во секторот патна и железничка инфраструктура, 798 милиони евра во преработувачката индустрија, 300 милиони ЕУР во инвестиции за малопродажба, 500 милиони евра инвестиции во јавното здравство, 504 милиони евра во комунална инфраструктура – животна средина (прочистителни станици, селектирање на отпад и сл.) и 200 милиони евра во туризмот.

Спонзорирано: