17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Добра вест: По успешната историска трансплантација почна да чука новото срце на 39 годишна жена

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово на Клиниката за кардиохирургија е извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава. Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која тареше 5 часа, а поради сериозноста на истата, следните 48 часа се критични за пациентката.

Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност.

На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрези кај двајца пацинети за чија здравствена состојба Министерствот дополнително ќе ја информира јавноста, откако ќе завршат операциите.

Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рентгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница Жан Митрев.

Можеби ќе ве интересира

Овие хороскопски знаци се заљубуваат во физичкиот изглед, а не во срцето

M T

„Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби

M T

Овој лек може да му наштети на вашето срце поради неговата скриена содржина на сол

M T

Медведев: Одлуката за операцијата во Украина беше тешка, но добро осмислена

M T

ХРАНА ЗА ЗДРАВО СРЦЕ – Нутриционистите советуваат која диета е најдобра за кардиоваскуларни пациенти

M T

Иран: Ќе го нападнеме срцето на Израел во случај на најмал потег против Исламската Република

M T