26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во следните шест години преку 2,7 милијарди евра инвестиции во патната и железничката инфраструктура

Преку 2,7 милијарди евра инвестиции во железничката и патната инфраструктура најави владата со презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

Како што најави премиерот Зоран Заев кога го презентираше ИПИ 2021-2027, покрај веќе започнатите делници во наредниот период ќе се работи на неколку нови инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

„Експресниот пат Битола – Меџитлија, вредноста е 50 милиони евра, очекуваме објавување на тендер за да може да се избере изведувач. Понатаму, железничката пруга Кичево – граница со Алабнија, имаме документација, главен проект, физибилити студија, во вредност од 520 милиони евра. Понатаму, автопат Гостивар – Букојчани; Букојчани – Кичево; Струга – Ќафасан и Тетово – Гостивар, вредноста на проектот е 500 милиони евра согласно законот за стратешки инвестиции. Автопатот Битола – Прилеп, вредноста на проектот е 130 милиони евра, исто така со посебен закон во самиот парламент“ објасни премиерот Заев.

Тој додаде дека 63 милиони евра ќе се инвестираат за дополнителни делници на експресни регионални патишта – Куманово – Страцин, 12 милиони; Крива Паланка 10 милиони евра, Петровец – Катланово 7 милиони, како и во другите региони во државата.

„Овде мора да го наговестиме тоа што веќе е почнато со изведба, а допрва ќе се реализира поголемиот дел, а тоа е програмата со Светска Банка за изградба на локални патишта, вредна 70 милиони евра“ додаде Заев.

Вкупните инвестиции од ИПИ 2021-2027 изнесуваат преку 8 милијарди евра од кои за патната инфаструктура се предвидени околу 1,6 милијарди евра, додека за железничката преку 1,1 милијарди евра.