Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам врз судството, јас водев револуција против нарачани пресуди

„Обвинителството и судството се независни од извршната и од парламентарната власт. Дали се независни од корупција, адвокати, одредени моќници, тоа треба да го покажат истрагите“ кажа премиерот Зоран Заев во неговото интервју за „Фокус“.

„Едно знам, оваа извршна власт ниту влијае врз судот, ниту и паѓа на памет такво нешто. Јас водев своевидна револуција против такви премиери и министри кои се јавуваа на судии и обвинители. Не смее никому да му падне на памет да се јави и да диктира пресуди, обвиненија“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека нема инсталирање на свои луѓе во судството и политички определени и дека сите назначувања се спроведуваат според закон.

„Ќе повторам. Не ни паѓа на памет такво нешто. Нема инсталирање на свои луѓе во судството и политички определени. Таму каде што е така дефинирано во законот, се избираат и со политички одлуки. Таму каде што не е предвидено, се знае како е според закон. Судиите се избираат преку Судскиот совет, а обвинителите преку Советот на обвинители. Парламентот само поставува членови на Судскиот совет и на Уставниот суд.“- објасни Заев.

Можеби ќе ве интересира

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК