Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Руското МНР најави контрамерки по протерувањето на рускиот дипломат од Скопје

Официјална Москва го оценува како непријателски чин прогласувањето на рускиот дипломат за персона нон грата и посочува дека тоа не може да не влијае на односите меѓу С Македонија и Русија.

Русија најави контрамерки за Македонија, по протерувањето на рускиот дипломат пред неколку дена.

Руското министерство за надворешни работи, во денешната објава, го оцени прогласувањето на дипломатот за персона нон грата како непријателски чин кон дипломатската мисија во Скопје.

„На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за персона нон грата. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат, а да не влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Следуваат контрамерки“,се наведува во информацијата на руското МНР.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +