Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Судовите се ослободуваат од притисоци и испорачуваат правда со засилена динамика

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска изјави дека е задоволен што динамиката на реформи во правосудството се зголемува.

Според Маричиќ, преку дигитализацијата ќе се надминат предизвиците во однос на транспарентноста во правосудството.

Тој ова го истакна во своето обраќање на презентацијата на Вториот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите во судството.

„Она што ме радува од извештајот е зголемената позитивна перцепција кај судиите, и тоа за 17 процентни поени, во однос на индикаторот дека врз донесувањето на одлуките не влијаат приватните интереси, туку тие се донесуваат врз основа на фактите и доказите во предметот. Ова за мене е своевидна потврда на тоа што го говориме, дека судовите се ослободуваат од притисоци и сега тие испорачуваат правда со засилена динамика“, истакна министерот за правда.

Според Маричиќ, во правосудството моментално се решаваат проблеми наталожени со години, но и перцепции за судството наталожени со години.

Тој кажа дека со посветеност, во инклузивен процес, каде што ќе бидат вклучени сите фактори, ќе може забрзано да се менува сликата за правниот систем.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски објави семејна празнична фотографија: Ова се празници на љубов, дарување и почитување

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Го празнуваме Бадник ден пред Божик – како огледало на годината што доаѓа

ДЕСК