16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Веселата математика на ВМРО ДПМНЕ за набавка на вакцини со 5 милиони долари разлика

Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, изминативе неколку месеци си игра весела математика, со набавката на 200.000 вакцини од кинескиот производител Синофарм. Прво кажаа дека за вакцините биле платени, 12,5 милиони долари, вчера извадија сума од 7,8 мииони долари, мала разлика само 5 милиони долари. Опозициската партија и медиумите блиски до нив веќе неколку месеци се обидуваат да креираат афера од првичната постапка за набавката на кинеските вакцини Синофарм, кои владата се обиде да ги купи преку посредник. И покрај тоа што веднаш пласираните лаги во весникот Ла Верита близок на ВМРО ДПМНЕ, дека вакцините биле платени 12, 5 милиони долари ги демантираше министерот Филипче, опозицијата се обидува „10 пати кажана лага да претвори во вистина“.

– Не станува збор ниту за нешто незаконско, ниту за провизии за кои не обвинува деновиве опозицијата. При набавката на вакцините секогаш сме се раководеле од два принципа, внимателност и регуларност. Ги осудивам сите овие обиди на опозицијата да го наруши угледот и да го загрози процесот на имунизација. Станува збор за компании кои не убедиле дека може да стигнат до вакцините, за какви провизии, за какви фантомски фирми зборат кога парите се вратени – рече Филипче во март одговарајќи на опозицијата која објави фалсификуван документ за наводна исплата на 12,5 милини долари со кои биле купени вакцини.

Тогаш ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека една вакцина била купена по 62.5 долари, а медиумите објавувале дека една кинеска вакцина чинела 30 долари. Нејасно е на кои медиуми се повикуваше тогаш ВМРО ДПМНЕ, ако се знае дека ниту една земја во светот нема објавено јавно по која цена купува вакцини бидејќи така бараат производителите на вакцините.

-Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина. Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на Синофарм чини најмногу до 32 долари. Дали Заев и Филипче сакале да купат вакцина по цена двојно поголема од таа што ја плаќаат другите држави – рече во март Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прв пат ВМРО ДПМНЕ да ја манипулираат јавноста криејќи се зад медиумте блиски до нив, па со фалсификат документи да креираат слика за наводни криминални зделки типични за времето кога оваа партија беше на власт.
Но, по само неколку недели, ВМРО ДПМНЕ ја смени сумата, сега претседателот на партијата Христијан Мицкоски со испринтан документ, објавен на страницата јавни финасии прикажа друг есап, вакцините не биле платени 12,5 милиони долари, туку 7,8 милиони долари, ама пак биле скапи оти според МИцкоски една вакцина од кинеските „Синоифарм“ би чинеле 65 долари“.

Која е математиката на ВМРО ДПМНЕ? Во март тврдат дека Владата платила 12,5 милиони долари за вакцина, а вакцините биле купени по 62,5 долари, а вчера Мицкоски вели дека 7,8 милиони долари биле платени за вакцини, а тие чинеле 6,5 милиони долари. Весела математика со разлика од 5 милиони долари

Процесот за набавка на вакцини не е договор во 4 очи, како што беше карактеристика од владдењето на Никола Груевски, но во ВМРО ДПМНЕ очигледно само тронот го наследи Мицкоски, а навиките на оваа партија остана исти.

Набавката на вакцините е постапка која оди на седница на Влада, сите министри ги гласаат и исплатите, и купувањето на вакцините, па оттука лагите на ВМРО ДПМНЕ се со краток рок на траење.
Денекса ДКСК потврди тоа што го тврдеше министерството за здравство од самиот почеток, немало исплата на пари за набавка на вакцини од Синофарм туку само гаранција, која по раслинувањето на постапката парите се вратени на сметка на државниот буџет, за што потврди и Народна Банка на РСМ.

Спонзорирано: