10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Како да му се верува на Калајџиев – Во 2017-та прв повика да се суди за тероризам, денес смета дека казните биле високи

Поранешниот професор по Кривично право, Гордан Калајџиев во 2017, неколку дена по насилниот упад во Собранието беше меѓу првите што ги карактеризираше делата на насилниците како терористичко загрозување на уставниот поредок, за сега да изјавува дека изречените казни биле драконски.

Во гостувањето во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов, вчера, Калајџиев изјави дека казните за осудените за 27 април се драокнски и дека не може настаните да се оквалификуваат како тероризам.

„Намерата е деликатна во кривичното право. Многу е тешко да се оквалификува како тероризам еден настан, со оглед на тоа дека тероризмот оди со повеќе дејствија, организирана група, а многу е тешко да се конструира од еден настан, исцениран, којшто е резултат на некоја акција да го оквалификувате како тероризам заради насилството, или пак дека директно е насочен против уставниот поредок со намера да се направи преврт. Нема логика, казната вооружен бунт којшто би значел група луѓе организирани против државата со оружје, каде се предвидува казна затвор од најмалку пет години, од пет до 20 години, а за ова дело има дури и потешки казни, по мене не се суштински исполнети обележјата на делото, очигледно дека тука намерата не е трајна и издржана намера која е јасно изразена, па тука не можеме да кажеме за најголем дел од луѓето е тешко да се конструира намера за вршење на преврат на власт без да се има поголемата слика“ изјави Калајџиев.

Меѓутоа, пред четири години, токму тој беше еден од првите експерти кои што настаните од 27 април 2017 ги окарактеризираа како велепредавство и терористичко загрозување на уставниот поредок.

„Ако се работи за организиран напад врз Собранието, квалификацијата на делата ќе биде поинаква. Овие дела насислство, обид за телесна повреда, толпа… тоа се дела што се случуваат и на улица, и на фудбалски натпревар. Делата што со насилство ќе се сторат врз Собрание, и коишто имаат цел да се повика, да се смени власта, е веќе велепредавство. Со насилно менување на органите, односно Собранието, е велепредавство и тешко се казнува. Загрозувањето на поредокот што е намерно направено со акт на сила и присилба е предвидено исто како конкретно кривично дело, Терористичко загрозување на уставниот поредок“ изјави Калајџиев на 2 мај 2017 година во емисијата „360 степени“ и појаснуваше дека постојат повеќе од 20 кривични дела со кои може да се гонат организаторите и извршителите на настаните.

Спонзорирано: