Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Заврши Владината сеница – Полицискиот час од утре почнува од 23 часот, угостителите ќе работат до 22 и 30 часот

Од седницата на Владата: Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +