22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИЗБОРЛОКАЛНОТЕМА

Шилегов му одговори на Мицкоски: Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани

Христијан Мицкоски го обвини Шилегов за гаснењето на пожарот во Галичник, село два часа оддалечено од Скопје, во општината Маврово Ростуше. Го обвини и затоа што набавил противпожарна опрема од Будимпешта за Скопје:

„Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони €. Носител на набавката е Унгарска компанија…, да да компанија со седиште во Будимпешта…“

Шилегов му одговори на Мицкоски дека ја замара јавноста со лаги и конструкции, објавувајќи видео од противпожарната скала, и информирајќи дека Скопје веќе прави обука и врши технички прием на противпожарната скала:

„Додека ТИ Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани !!!“

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на крајот од својот статус му порачува на Мицкоски: „Продолжи и понатаму да се занимаваш со црнилото во својата душа. Јас ќе продолжам да се грижам за безбедноста на скопјани… Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди.“

Можеби ќе ве интересира

Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ и за првпат продолжен престој за учениците од прво до трето одделение

ДЕСК

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива фотоволтаични панели, инвестираме во зелена енергија

ДЕСК

Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар

ДЕСК