Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утревечер дожд, потоа температури над 30 степени – УХМР со детална прогноза за следните 3 дена

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значително повисоки температури кои на места ќе бидат и над 30 степени.

Утре од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.

Прогноза за 02.05.2021
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер.

Прогноза за 03.05.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 04.05.2021
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 17°C до 26°C
Променливо облачнос со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +