Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНОТЕМА

Шилегов: ФК Вардар не е сопственост на Град Скопје, туку приватна сопственост на Сергеј Самсоненко и е купен за 5 милиони денари

Лажна е веста дека градот Скопје го враќа ФК Вардар, истакна градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во своето гостување на „Утрински брифинг“.

Според Шилегов, согласно договорот којшто е склучен, Вардар е приватна сопственост на Сергеј Самсоненко, т.е. на ракометниот клуб Вардар, и е купен за 5 милиони денари, со сите акции: „Таму има една можност тој договор да се раскине, ако не се почитува во наредните 10 години. После 10 години не може ни да се раскине. Значи, зборуваме повторно за приватна сопственост…“.

Шилегов укажа дека според негови сознанија ФК Вардар има долгови кон трети лица околу 3.5 милиони евра, кои не можат да бидат на товар на Град Скопје: „Ние во дописот што го добивме, освен декларативно изразена волја, не добивме до сега никаква квалитетна документација која што ќе ни потврди дека тој долг ќе биде подмирен или дека тој долг се гарантира со нешто, со цел да не направиме материјална штета. И ако сега состојбата ја земеме, ние треба да купиме – да вратиме една приватна сопственост – со долг од 3.5 милиони евра, кои што ќе бидат на товар на Град Скопје. При што напоменувам: Вардар е приватна сопственост, не е сопственост на Град Скопје“.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните активно учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

ДЕСК

НИТУ ЕДНА ФИРМА НЕ СЕ ПРИЈАВИЛА – Скопскиот Планетариум чека нов тендер

ДЕСК

НАПОЛНЕТЕ ВОДА НАВРЕМЕ – Најавен прекин на водоснабдувањето во Маџари

ДЕСК