Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска, по најавата дека таа нема да се кандидира за трет мандат на позИцијата заменик-претседател на партијата.

„Јас ја почитувам. Таа е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус со ЕУ, за добиената одлука за почеток на преговори со ЕУ, но и за многу процеси во државата важни за граѓаните. Знам дека ќе продолжиме понатаму да соработуваме, таа е мој другар или другарка без разлика каде ќе се најде во иднина во СДСМ или во општеството“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на информациите дека Шекеринска се дистанцирала од него, Заев вели дека за него таа е и останува близок соработник.

„Мислењето на Радмила за Зоран Заев може да го каже Радмила и немам сомневање какво мислење со мене ќе сподели заради тоа што работиме секој ден за мал милион предизвици. Дефинитивно имаме уште многу што заедно да работиме во животот“, вели Заев.

Тој отфрли секаква поврзаност на случајот со Рашковски со Шекеринска, нагласувајќи дека една од главните заложба на Владата е законот да важи еднакво за сите.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.