17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Шилегов за Телевизија 24: За 70 милиони правиме 2 траси на БРТ, додека ВМРО сакале да направат трамвај со една за 150 милиони

Во гостувањето во утринската програма на Телевизија 24, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов беше прашан и за реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје која се однесуваше на висината на заемот од 70 милиони евра и исплатливоста на проектот.

„Криво ми е што ДПМНЕ не успева да препознае што е добро за градските политики. Претходниот градоначалник на Скопје имал обид да донесе трамвај, кој што било планирано да се движи по истата траса, на којашто денес работиме и само трасата од Ново Лисиче до Ѓорче би чинела 150 милиони евра. И тоа е тоа на коешто ВМРО-ДПМНЕ работело или уште поточно се обидело да работи“ – изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24.

„Кога е нешто добро, треба да се каже дека е добро. Ако работеле на нешто што чини 150 милиони евра само за една траса, а ние работиме на нешто што чини 70 милиони евра за две траси, и сега тоа било добро кога вредело 150 милиони, а ова сега не чини затоа што вреди 70 милиони за две траси. А тие се трасите, предвидени се во ГУП, ниту јас можам да ги измислам, ниту ги додавам, ниту ги одземам. Значи работеле на истото, само во нивниот случај би не чинело 150 милиони на релација Ново Лисиче – Ѓорче.“, појасни градоначалникот Петре Шилегов.

„Во немањето нити визија, нити капацитет да сфатат што е град и што претставува урбаното живеење, за жал, а тоа веќе станува нивна пракса, одат на тоа да напаѓаат што и да прави другата страна“, додаде Шилегов.